356 апликации за лиценци за превоз на патници

Bez autora
Oct 28 2012

Вкупно 356 апликации пристигнаа до Министерството за транспорт и врски за добивање на лиценци за превоз во меѓуопштинскиот (171 за нови линии и 28 за промена на постоечките) и во меѓународниот патен сообраќај (138 апликации за нови и 19 за промена на постоечките). Вчера беше извршена електронската распределба на линиите и беше објавена прелиминарната листа, а како што истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, превозниците можат да извршат увид во прелиминарната ранг листа за да видат кои линии се одобрени, а кои одбиени, по што во најскоро време ќе се објави конечната листа. Јанакиески најави подобрување на условите во делот на патниот сообраќај и целосно елиминирање на дивите превозници. Во тој контекст ги спомена измените на Законот за патен сообраќај кој е во владина процедура и со кои се предвидува трајно одземање на возилото доколку превозникот работи без лиценца.

356 апликации за лиценци за превоз на патнициВкупно 356 апликации пристигнаа до Министерството за транспорт и врски за добивање на лиценци за превоз во меѓуопштинскиот (171 за нови линии и 28 за промена на постоечките) и во меѓународниот патен сообраќај (138 апликации за нови и 19 за промена на постоечките).

Вчера беше извршена електронската распределба на линиите и беше објавена прелиминарната листа, а како што истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, превозниците можат да извршат увид во прелиминарната ранг листа за да видат кои линии се одобрени, а кои одбиени, по што во најскоро време ќе се објави конечната листа.

Јанакиески најави подобрување на условите во делот на патниот сообраќај и целосно елиминирање на дивите превозници. Во тој контекст ги спомена измените на Законот за патен сообраќај кој е во владина процедура и со кои се предвидува трајно одземање на возилото доколку превозникот работи без лиценца.

- Во случај кога превозникот има лиценца, но врши превоз надвор од дозволата, возилото времено ќе му се одземе, а доколку го повтори прекршокот, следува трајно одземање на возилото. Покрај ова, со измените на Кривичниот законик кои се во собраниска процедура, дивиот превоз станува кривично дело. Доколку успееме целосно да го сузбиеме дивиот превоз тоа ќе овозможи поголеми приходи за легалните превозници и подобрување на возниот парк во државата. Тоа е нашата цел и ништо нема да не спречи да го оствариме тоа - нагласи Јанакиески.

Откако пред четири години се воведе електронската распределба на лиценците досега Министерството за транспорт и врски има издадено 4.006 за вршење превоз во патниот сообраќај од кои 558 за јавен превоз на патници, 159 за превоз за сопствени потреби на патници, 2.355 за превоз на стока и 934 за превоз за сопствени потреби за стока.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik